Крвав почеток на парламентарните избори во Индонезија

Почетокот на парламентарните избори во Индонезија е обележан со насилства. Во немирите во Папуа, најисточната индонезиска провинција, се убиени најмалку 6 лица. Според шефот на локалната полиција, повеќе од 80 луѓе со копја и мачети ја нападнале полициската станица, а бунтовниците напаѓале и таксисти, запалиле едно складиште за нафта и имотот на државниот универзитет. Инаку, денеска Индонезијците треба да изберат 560 пратеници за државниот парламент.