Јан Фишер утре ќе биде именуван за чешки премиер

Претседателот на Чешка Вацлав Клаус утре ќе го именува Јан Фишер за нов премиер на земјата, соопшти денеска Кабинетот на чешкиот претседател. Се очекува со именувањето на новата влада да биде ставен крај на политичката криза во земјата која е актуелен претседавач со ЕУ. Владата на Фишер, инаку досегашен шеф на Националниот завод за статистика, ќе ја извршува должноста до оддржувањето на предвремените избори, планирани за октомври. Неодамна, Чешкиот парламент и изгласа недоверба на владата на премиерот Мирек Тополанек.