До ДИК поднесени 95 приговори за изборите

До Државната изборна комисија до законски предвидените крајни рокови пристигнале 95 приговори за неделното гласање на претседателските и локалните избори. Рокот за поднесување приговори за гласањето истече вчера до 19 часот, а за постапката за сумирање на резултатите рокот за приговори заврши на полноќ. ДИК денеска ќе ги разгледува пристигнатите приговори поднесени од девет овластени претставници, односно осум партии и три од група избирачи.