Гамбија го призна Косово

Гамбија е 57-та земја која ја призна независноста на Косово, прогласена на 17 февруари минатата година, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи во Приштина Албана Беричи. Одлуката за признавање била пренесена до амбасадата на Косово во Вашингтон од страна на амбасадата на Гамбија.