Со посетата на Ирак, Обама ја заврши осумдневната турнеја

Американскиот претседател Барак Обама го повика Ирак да ја преземе одговорноста за својата земја, бидејќи американските трупи наскоро ќе почнат да се повлекуваат.Обама ова го изјави за време на ненајавената посета во Ирак, каде што на средбата со ирачкиот претседател Нури Ал Малики истакна дека наредните 18 месеци ќе бидат критични за ирачката стабилност, додека земјата одржува избори, а американските трупи се подготвуваат да си заминат до крајот на 2011 та година. Инаку, во Ирак има околу 140 илјади американски војници. Обама со оваа посета ја завршува неговата осумдневна турнеја, во чии рамки престојуваше во Велика Британија, Франција, Германија, Чешка и во Турција.