Казната на ирачкиот новинар намалена од три на една година

Судот во Ирак реши да му ја намали казната затвор од три на една година, на ирачкиот новинар кој ги фрли своите чевли кон поранешниот американски претседател Џорџ Буш за време на неговата посета на Багдад. Како што соопштија претставници на судот, затворската казна на новинарот Мунтазер Ал Заиди се намалува бидејќи претходно немал криминално досие, како и поради примерно однесување во затворот.