Земјотрес на Пацификот

Многу силен земјотрес од седум степени според Рихтеровата скала го погоди крајбрежниот регион на Русија на Тихиот океан, на околу триста километри од градот Курилск, соопшти американската геолошка служба. Засега нема податоци за евентуални жртви. Земјотресот се почувствувал и во Јапонија, чии власти соопштија дека нема опасност од појава на цунами.