Советот за безбедност на ОН без согласност за Северна Кореа

Советот за безбедност на Обединетите нации се уште нема постигнато согласност за одговорот до Северна Кореа откако таа земја лансира ракета со долг дострел. Петте постојани членки на Советот кои имаат право на вето не можат да се договорат за текстот на резолуцијата. Имено, Русија и Кина се против поостра осуда со објаснување дека тоа ќе ги доведе под прашалник шестпартитните разговори за севернокорејската нуклеарна програма. Кина смета дека Северна Кореа има право да ја користи Вселената за мирновременски цели.