Во земјотресот во Италија загинати најмалку 150 лица

Четворица македонски државјани, од кои две деца, се меѓу загинатите во катастрофалниот земјотрес што вчераутро ја погоди централна Италија. Последните информации велат дека во земјотресот животот го загубиле најмалку 150 луѓе, а 1500 се повредени.
Според проценките на агенцијата АНСА, најголемиот земјотрес што ја погоди Италија во изминатите 30 години, може да остави дури 70.000 луѓе без покрив над главата.