Почнува четвртфиналето во Лигата на шампионите

Денеска почнуваат четвртфиналните натпревари од Лигата на фудбалските шампиони на УЕФА. Вечер во 20:45 Виљареал се среќава со Арсенал, а Манчестер Јунајтед игра против Порто. Возвратните натпревари се играат за две недели.
Победниците од овие два двомеча се среќаваат во полуфиналето од Лигата на шампионите.