Солана – ЕУЛЕКС постигна целосен оперативен капацитет

Високиот претставник на Европската Унија Хавиер Солана го поздрави фактот дека мисијата ЕУЛЕКС на Косово постигнала целосен оперативен капацитет, што ќе придонесе за зајакнување на владеењето на правото во земјата и стабилноста на целиот регион. ,,ЕУЛЕКС, што е досега најголема цивилна мисија на ЕУ, е доказ за силната посветеност на Унијата на Западниот Балкан“, оцени Солана.