МНР - Четворица македонци меѓу загинатите во земјотресот во Италија

Четворица македонски државјани загинаа во денешниот земјотрес во Централна Италија во кој според последните податоците настрадале 50 лица, а десетици се повредени. Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, четворицата македонци живееле во околината на Л`Аквила, околу 100 километри северно од Рим, каде што бил епицентарот на земјотресот. Земојтресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала предизвика големи материјални штети. Неколку објекти се урнале, а илјадници луѓе останале без своите домови. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја откажа планираната посета на Москва.