Според ДИК одзивот 42,21 отсто, од 83,6 насто избирачки места, води Иванов

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со освоени 369.728 гласови на денешниот втор круг од изборите за шеф на државата, убедливо води пред противкандидатот од СДСМ Љубомир Фрчковски кој има 202.568 гласови.
Ова се податоци од 2.490 од вкупно 2.976 избирачки места што пристигнуваат по електронски пат до ДИК. На гласање на овие избирачки места излегле 603.716 избирачи, а одѕивот е 42,21 отсто, пренесува МИА. Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски исто така води со 73. 317 гласови пред Тито Петковски кандидат на НСДП и СДСМ кој има 40.320 гласа. Податоците се за 364 избирачки места од вкупно 536, каде гласале 120.127 лица, а одѕивот е 40,2 отсто.