Северна Кореја лансираше ракета и покрај противењето на Западот

Северна Кореја утринава изврши лансирање на ракета и покрај спротивставувањата од меѓународната заедница. Лансирањето било извршено од полигонот Мусудан-ри на североистокот од земјата. Обединетите Нации соопштија дека денеска ќе биде одржана итна седница на Советот за безбедност, барање кое го упатија Јапонија и Соединетите држави, за да се разгледаат начините за одговор по севернокорејското лансирање, на како што се верува, ракета со долг дострел. Јапонија, Јужна Кореја, Соединетите Држави, како и Европската Унија го осудија овој потег на Пјонгјанг. Американскиот претседател Барак Обама во говорот во Прага истакна дека станува збор за ,,провокативен акт“ во спротивност со резолуцијата на ОН и посочи дека е време за ,,силен“ одговор од меѓународната заедница. Јапонија оценувајќи го потегот како ,,ектремно жален“ соопшти дека не се обидела да ја пресретне ракетата. За Јужна Кореја овој чекор на Пјонгјанг претставува закана за светската безбедност, а јужнокорејски неименуван извор соопштил дека ракетата носела сателит.