Расмусен ќе си поднесе оставка по изборот за шеф на НАТО

Данскиот премиер Андрес Фог Расмусен се очекува да си поднесе оставка на функцијата, откако вчера на самитот на НАТО беше избран за следен генерален секретар на Алијансата. Расмусен на функцијата ќе го замени сегашниот генерален секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер, чиј мандат истекува на крајот од јули.