Во Македонија гласаа раселените, затворениците и болните лица

Ден пред утрешниот втор круг од претседателските и локални избори денеска во Македонија гласаа 529 внатрешно раселени лица, 1 971 лице кои издржуваат казна затвор или притвор, како и болните и немоќните лица. Утре македонските граѓани ќе избираат меѓу двајцата кандидати за претседател на државата и кандидатите за градоначалник за кои во вториот круг ќе се гласа во 43 општини и градот Скопје. Изборите ќе ги следат досега најголем број домашни и странски набљудувачи. Акредитирани се 7.038 домашни и 544 странски набљудувачи, најмногу од домашната МОСТ и од меѓународната мисија на ОБСЕ/ОДИХР.