Убиени 20 бунтовници во јужен Авганистан

Авганистанските и американските трупи убиле 20 бунтовници при копнена операција со поддршка на авијацијата во јужната провинција Хелманд. Судирите започнале вчера откако талибанците нападнале армиска патрола. Вчерашните се последните во серијата судири изминативе денови меѓу бунтовниците и авганистанските сили.