Ердоган лично против Расмусен на чело на НАТО

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека тој лично бил против кандидатурата на данскиот премиер Андерс Фог Расмусен за нов генерален секретар на НАТО, јави турската телевизија, цитирајќи го неговото обраќање во Центарот за истражување Четам Хаус во Лондон. Тој го повторил своето лично сомневање дека Расмусен може да придонесе за светскиот мир со оглед на неговиот став во врска со објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во данските весници. Расмусен денеска потврди дека е кандидат за нов шеф на НАТО.