Хашкиот трибунал ги отфрли барањата на хрватските генерали

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска одби да ги отфрли обвинувањата против хрватските генерали, Анте Готовина, Младен Маркаќ и Иван Чермак, обвинети за протерување и убиства на срби од Хрватска. Тоа, според обвинителниот акт, го сториле пред четиринаесет години во операцијата Луња за враќање на територијата која претходно четири години била под контрола на србите.