Полициски и финансиски биланс од Самитот на Г-20

Лондонската полиција уапси повеќе од 120 луѓе по насилните протести за време на самитот на групата Г- 20, соопштува полицијата. Антиглобалистичките демонстранти се собираа во близина на местото на одржување на самитот, протестирајќи против сиромаштијата, војните и финансискиот систем во светот. Инаку, лидерите на 20-те најразвиени земји на самитот во Лондон се договорија за дополнителни илјада и 100 милијарди долари за финансирање на меѓународниот монетарен фонд и другите светски институции. Тие се заложија и за акција против државите наречени даночни раеви.