За три месеци убиени 35 новинари во светот

Само во првите три месеци од годинава во светот се убиени 35 новинари на работна задача , соопшти невладината организација за заштита на новинарите во конфликтни подрачја „Прес емблем кампејн“ со седиште во Женева. Во истиот период лани биле убиени 20 новинари. Во соопштението се наведува дека од почетокот на годинава биле убиени новинари во 16 држави, и тоа петмина во Пакистан, а по четворица во Ирак и во појасот Газа.