Премиерот Груевски повика на фер избори

Премиерот Никола Груевски повика на мирни, фер и демократски избори во очекување на вториот круг од гласањето во рамки на локалните и претседателските избори во недела на 5-ти април. Овој изборен циклус е исклучително важен за понатамошниот демократски развој на земјата и кој треба да ги потврди евро-атлантските перспективи на државата, наведува во писмената изјава премиерот Груевски. Тој исто така посочува дека државните институции ќе преземат се што е во нивна моќ за повторување на мирната атмосфера и во вториот изборен круг, и најавува најостро санкционирање на лицата што евентуално ќе се обидат да го нарушат изборниот процес.