Јапонија ќе бара итна седница во ОН за Северна Кореја

Јапонија ќе побара итна седница на Советот за безбедност на ОН на која би се разговарало за евентуален одговор, доколку Северна Кореја во наредните денови изврши лансирање на ракета со долг дострел, изјави денеска јапонскиот амбасадор во ОН Јукио Такасу. Северна Кореја соопшти дека меѓу 4 и 8-ми април ќе лансира комуникациски сателит во вселената, но западните сили сметаат дека всушност станува збор за тестирање на ракета со долг дострел.