Грција парализирана поради генералниот штрајк

Неколку десетици илјади луѓе протестираа денеска во Грција поради политиката на владата кон економската криза и преголемата јавна потрошувачка. Поради генералниот штрајк не работеа повеќето јавни институции, како и училиштата, а во болниците се примаа само итни случаи. И сообраќајот беше парализиран. Аеродромите на три часа ја прекинаа својата работа, поради што беа откажани повеќе од 130 летови, а не функционираше ниту железничкиот сообраќај.