Подароците на Барак Обама

Американскиот Претседател Барак Обама и подари на британската кралица Елизабета Втора персонализиран Ејпл Ајпод за време на средбата во Бакингемската Палата. Кралицата и нејзиниот сопруг Војводата од Единбург пак на брачниот пар Обама им подарија нивни потпишани портрети. Подароците на Обама, како оној на премиерот Гордон Браун, пакет од 25 ДВД ија кои можат да се гледаат само на американската технологија, наидоа на негативни реакции бидејки не се заемни употребливи во Европа.