Хеликоптерска несреќа во Шкотска

Британската полиција соопшти дека спасувачките екипи пронашле тела на осум патници по падот на хеликоптер во водите на Северното море во Шкотска. Во хеликоптерот кој полетал од една нафтена платформа во моментот на несреќата се наоѓале 16 патници, а останатите осум се водат како исчезнати.