Талибанците ја отфрлија понудата од САД

Талибанските бунтовници денеска ја отфрлија понудата од Соединетите Држави за ,,чесно помирување“ како неприфатлива идеја и соопштија дека повлекувањето на меѓународните трупи од Авганистан, е единствен начин за завршување на војната во оваа земја. ,,Тоа е луда идеја“ соопшти портпаролот на талибанците Забихула Муџахид. Вчера американскиот државен секретар Хилари Клинтон во рамки на Меѓународната конференција за Авганистан што се оддржа во Хаг изјави дека на талибанците што ќе го напуштат екстремизмот ,,треба да им биде понудена чесна форма на помирување.“