Хрватска и Албанија станаа членки на НАТО

Хрватска и Албанија денеска станаа полноправни членки на НАТО откако во Вашингтон ги предадоа ратификациските документи. На свечената церемонија во Стејт Департменот американскиот државен потсекретар Џејмс Стајнберг ги прифати инструментите за членството на Албанија и Хрватска во Алијансата. Документите ги предадоа албанскиот и хрватскиот амбасадор во Соединетите Држави, Александар Салабанда и Колинда Грабар-Китаровиќ. Лидерите на двете земји ќе им се придружат на останатите лидери на НАТО на претстојниот јубилеен самит на Алијансата што ќе се оддржи во Стразбур и Келн.