ВМРО ДПМНЕ и ДУИ договорија заемна поддршка за изборите

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ денеска соопштија дека договориле взаемна поддршка на кандидатите за градоначалник од двете партии, како и на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов, за претстојниот втор круг од претседателските и локални избори. Во соопштението од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се наведува дека договорот за взаемна поддршка на кандидатите од двете партии е резултат на досегашната добра соработка, во Собранието и во Владата.