Патреус – Ситуацијата во Авганистан се влошува

Командандот на американските сили, генерал Дејвид Патреус изјави дека ситуацијата во Авганистан се влошува и дека бунтовниците во оваа земја се засилуваат. Тој посочи дека милитантите ја прошириле контролата врз јужните и источните делови на земјата. Генерал Патреус исто така рече и дека поради обновувањето на насилствата во Авганистан, потребна е „континуирана и суштинска заложба.“