Расте бројот на невработени во ЕУ

Невработеноста во земјите од Европската Унија во моментов изнесува 7,9 отсто во споредба со 7,7 проценти во јануари, соопшти Заводот за статистика на Европската Унија. Најголема стапка на невработеност има во Шпанија со 15,5 отсто, во Летонија со 14,4 проценти невработени лица и во Литванија каде е регистрирана невработеност од 13 отсто.