Вицепремиерот Боцевски во посета на Холандија

Македонскиот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски од денеска ќе претстојува во официјална посета на Холандија. За време на престојот во Хаг, тој ќе има средба со холандскиот министер за европски прашања Франс Тимерманс. Утре Боцевски ќе се сретне со членови на комисиите за надворешни работи и за европски прашања на холандскиот Парламент, а ќе има и обраќање во институтот Клингендал.