Средби на лидерите на Г-20 пред утрешниот самит

Претседателот на САД Барак Обама денеска во Лондон ќе се сретне со британскиот премиер Гордон Браун, со рускиот претседател Дмитриј Медведев и со кинескиот лидер Ху Џинтао. На средбата организирана во пресрет на утрешниот самит на земјите од Г-20 ќе присуствуваат и лидерите на Саудиска Арабија, Јужна Кореја и на Индија. Во исто време во Лондон ќе се сретнат и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози. Лидерите на светските сили ќе разговараат за актуелни теми, како и за подобрување на меѓусебните односи.