Револтирани работници во Франција го држеле заробен директорот

Незадоволни работници повеќе од еден час држеле во заробеништво претседател на една од најголемите француски компании за производство на луксузна облека. Тие го опколиле таксито во кое се наоѓал Франсоа Анри Пино, затоа што фирмите на кои тој е директор најавиле дека ќе отпуштат 1200 работници. Ова не е прв случај работниците во Франција на ваков начин да го изразуваат своето незадоволство поради отпуштањата како последица на економската криза.