МВР поднело 23 прекршочни пријави за саботните инциденти

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека полицијата идентификувала 23 лица против кои ќе бидат поднесени прекршочни пријави, поради учество во инцидентите за време на саботниот протестен собир против изградба на црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Јанкуловска додаде дека полицијата ги презела сите мерки за обезбедување, без употреба на сила. Таа додеде дека е во тек идентификација и на други учесници на собирот и оти ќе следуваат санкции против нив доколку се утврди одговорност.