Потонаа два брода со илегални мигранти во Либија

Над 20 луѓе загинале, а стотици се водат како изчезнати откако два брода со илегални африкански мигранти се насукале во близина на Либија. Едниот брод превезувал 257 луѓе, а другиот 340, а според официјални податоци, само 23-ца биле спасени. Се претпоставува дека бродовите патувале за Италија.