Меѓународна конференција за состојбата во Авганистан

Денеска во Хаг се одржува Меѓународна конференција посветена на состојбата во Авганистан, што на иницијатива на САД и под покровителство на ОН ја организира Владата на Кралството Холандија. На конференцијата ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Претходно, американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека Вашингтон ќе донира 40 милиони долари за одржување фер и демократски избори во Авганистан.