Грција ги одби предлозите на министерот Антонио Милошоски

Официјална Атина ја одби иницијативата на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, која во форма на три конкретни предлози на 13 март годинава беше упатена до грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани. Во одговорот, Бакојани ги оценува понудените иницијативи како “декларативни изјави со сомнителна корист и делотворност“. Таа наведува дека Грција веќе направила чекор напред прифаќајќи сложено име, во кое може да биде вклучен терминот ,,Македонија“ со надеж за изнаоѓање заемно прифатливо решение. Во однос на предлогот за формирање на заеднички Комитет за образование и историја, Бакојани наведува дека тоа не може да биде предмет на ,,политичка корист и согледувања.“