Изгаснат пожарот во Македонската опера и балет

Денеска околу 11 часот била опожарена кровната конструкција на Македонската опера и балет. Нема повредени, ниту оштетување на опремата. Пожарот е целосно изгаснат од страна на противпожарни екипи, а како што се јавува, бил предизвикан поради нестручност при заварување на кровната конструкција.