Премиерот Груевски повикува на лидерска средба

Македонскиот Премиер Никола Груевски испрати писмо до лидерите на трите најголеми парламентарни партии и со кое ги кани на средба утре во Клубот на пратениците. Во писмото на Груевски се наведува дека има потреба сите политички субјекти во Република Македонија уште еднаш да ја демонстрираат својата политичка одговорност, заедништво и посветеност за унапредување на демократските процедури во спроведувањето и на претстојниот втор изборен циклус, а во насока на осигурување на евро-атлантската иднина на Македонија. Средбата би била посветена на разгледување на сите аспекти поврзани со претстојниот втор изборен циклус на претседателските и локални избори, како и овозможувањето на сите потребни услови неопходни за повторување на фер и демократската атмосфера во која измина првиот изборен круг.