Кандахар - 8 загинати

Најмалку 8 лица загинаа кога денеска бомбаш самоубиец се разнесе во полициска станица во авганистанската провинција Кандахар. Според регионалните власти меѓу жртвите има полицајци и цивили. Кандахар е силно упориште на талибанските милитанти.