Осуда за вчерашните инциденти во Скопје

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека ќе се преземат мерки против учесниците во вчерашните инциденти, што се случија за време на собирот против изградба на црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Денеска инцидентите ги осуди и претседателот Бранко Црвенковски. МВР пак, соопшти дека врз основа на телевизиските снимки и фотографии започнале со идентификување на лицата кои учествуваа во нарушувањето на јавниот ред и мир.