Насилства на локалните избори во Турција

Најмалку 4 лица загинале, а над 50-тина се повредени во насилствата за време на денешните локални избори во Турција. До судири, во кои имало и вооружени престрелки, дошло меѓу приврзаниците на различни кандидати за градоначалници во неколку турски области, јави агенцијата Анатолија. Околу 48 милиони гласачи избираа градоначалници и општински советници во 81 провинција во Турција. Според анкетите се очекува победа на владеачката Партија на правдата и развојот, на премиерот Реџеп Таип Ердоган.