Саакашвили - Да не се употребува сила на антивладините протести

Грузискиот претседател Михаел Саакашвили повика на дијалог со опозицијата и испрати предупредување да не се употребува сила за време на антивладините протести, планирани за почетокот од наредниот месеци. Полицијата во Грузија минатиот викенд уапси 10 лица осомничени за планирање на нереди за време на протестите што треба да се оддржат на 9-ти април. Саакашвили изјави дека ,,сега не е време за хаос, туку за единство.“