Талибанците киднапирале 11 пакистански полицајци

Талибанските милитанти киднапирале 11 пакистански полицајци при напад на безбедносен контролен пункт во регионот Кхибер на границата со Авганистан. Како што соопштија локалните власти, милитантите го нападнале контролниот пункт Шин Камар, ги разоружале полициските службеници и ги киднапирале. До денешниот инцидент, доаѓа два дена откако во самоубиствен бомбашки напад врз една џамија во истиот регион, загинаа 37 лица.