Лидерите на партиите од левицата одржаа состанок во Чиле

Лидерите на централно-левичарските партии, вклучувајќи го и британскиот премиер Гордон Браун, на состанокот во Вина Дел Мар во Чиле, ги повикаа економски најразвиените земји да се согласат околу спроведувањето на реформите за подобра контрола врз светскиот финансиски систем, во рамки на самитот на Групата 20 што ќе се оддржи во Лондон. На состанокот во Чиле се придружи и американскиот потпретседател Џо Бајден кој што изјави дека Соединетите Држави поддржуваат меѓународна соработка за намалување на ризиците врз светскиот пазар. Додека лидерите на левичарските партии дискутираа во Чиле, неколку илјади демонстранти во Британија, Франција, Германија и други европски земји вчера оддржаа протести поради економската криза.