Четири лица загинале во судири во Багдад

Четири лица загинале во судирите во Багдад меѓу ирачките безбедносни сили и една сунитска група, поддржана од американските сили. Како што се јавува, до судирите дошло откако ирачките сили го уапсиле лидерот на групата Адил ал Машхадани, осомничен за тероризам. Оваа сунитска група е составена од поранешни бунтовници, кои се против Ал Каеда.