Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска за Западен Балкан

Вториот ден од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија што се одржува во чешкото место Хлубока над Влтава е посветен на ситуацијата во Западен Балкан. Повеќето од евроминистрите кои денеска разговараат со нивните колеги од Балканот вчера оценија дека вратата на Унијата за овие земји треба да остане отворена. ,,Ако ја затвориме, на Балканот ќе има нови конфликти,, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселбор.