Уапсениот во Кенија-ниту Хаџиќ ниту Младиќ?

Според последните информации од Кенија лицето кое полицијата во Кенија го уапсило во Момбаса најверојатно не е ниту Ратко Младиќ ниту Горан Хаџиќ, и двајцата барани од Хашкиот Трибунал за воени злосторства во бивша Југославија. Кениската полиција не го објави идентитетот по што медиумите шпекулираа дека станува збор за Младиќ или Хаџиќ.