Тензии околу Северна Кореја

Јапонија нареди да се стрела во секаков објект кој би паѓал врз нејзина територија доколку нешто тргне погрешно со ракетата што треба да биде истрелана од Северна Кореја. Пјонгјанг најави дека ке лансира комуникациски стаелит во следниот месец, додека Соединетите Држави и сојузниците веруваат дека станува збор за ракета со долг дострел. Американски, Јапонски и Јужнокорејски дипломати на оваа тема денеска ќе дискутираат во Вашингтон. Русија во меѓувреме побара од Северна Кореја да се откаже од планираното лансирање со цел тенизчната ситуација да се реши со дијалог.